Европската Унија воведува нов начин за ознака на гумите
Објавено на 28.01.2021 во Новости

Гумите за автомобили, комбиња и камиони добиваат нови ознаки, со тоа што сега ќе имате повеќе информации за нив. Новиот начин на означување во Европската Унија започнува од мај. Новата ознака ќе содржи класа на отпор при тркалање и перформанси при влажно сопирање, а висината на бучавата е означена со децибели и букви - A, B или C.
На тој начин корисниците ќе може потранспарентно да одбираат гуми со дополнителни информации за избраната гума. Наједноставно ќе може да го скенираат QR кодот на лепенката што ја имате на гумата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.