iPhone 13 серијата ќе биде со Wi-Fi 6E поддршка

Објавено на 28.01.2021 во Новости



iPhone 13 серијата ќе биде со Wi-Fi 6E поддршка

Аналитичарите сметаат дека Apple ќе вгради Wi-Fi 6E конекција во iPhone 13 серијата, за која се уште не се знае кога ќе излезе. Samsung Galaxy S21 Ultra веќе ја има ваквата конекција, кој претставува и првиот смартфон во историјата со 6E поддршка.

Wi-Fi 6E е со нов опсег на фреквенција од 6GHz, што значи дека оние што се наоѓаат на пренаселено место ќе може да користат вакви мрежи, затоа што ќе имаат проблем со 5G опсегот во иднина. Сигналите од фреквенција 6GHz потешко поминува низ ѕидови, што значи дека нема да има пречки кај блиските мрежи.