Илон Маск и Џеф Безос се напаѓаат за сателитскиот бизнис

Објавено на 28.01.2021 во Новости



Илон Маск и Џеф Безос се напаѓаат за сателитскиот бизнис

SpaceX и Amazon се компании на двајцата најбогати луѓе на светот - Илон Маск и Џеф Безос. Двајцата се препукуваат за сателитскиот интернет, обвинувајќи се еден со друг за „гушење на конкуренцијата“.

Безос го обвини Маск дека при развивањето на проектот Starlink направи промени што би можеле да резултираат со „создавање на опасна околина за судири во вселената“. 

Експертите пак сметаат дека сателитите во ниската земјена орбита (LEO) за широкопојасен пристап кон интернет покажуваат знаци со голем потенцијал. Тие потфати може потенцијално и драматично да направат промени на пазарот за широкопојасен интернет и да заштедат десетици милијарди долари на потрошувачите. 

„Очигледно е во интерес на SpaceX гушење на конкуренцијата во самиот зачеток, но тоа сигурно не е во интерес на јавноста“, вели Безос.

„Не е во интерес на јавноста Starlink да се кочи поради сателитскиот систем на Amazon, кој во најдобар случај со години е оддалечен од реализација“, твитал Илон Маск. 

SpaceX тврди дека нивните сателити се направени на начин што за неколку години ќе изгорат во атмосферата.