Tesla најави редизајнирани модели на Model S и X, со најмоќно забрзување

Објавено на 29.01.2021 во Новости



Tesla најави редизајнирани модели на Model S и X, со најмоќно забрзување

Tesla најави прв голем редизајн на Model S откако тој беше пуштен во продажба уште од 2012 година. Новата верзија со чија испорака Tesla започнува во март, има освежен ентериер и избор за појак погон, што овозможува автономија на движење од респектабилни 830 километри, како и лудо забрзување од 0 до 100 километри на час, за помалку од две секунди.

Tesla не застанува тука, туку сега тврди и дека новиот редизајниран model S во најмоќната верзија ќе биде сериски произведен модел со најголемо забрзување. Новиот Model S ќе биде со мали измени во надворешноста, но најголемите промени доаѓаат од внатрешноста. 

Новиот Model S ќе биде со почетна цена од 79.990 долари во "long Range" двомоторна верзија со автономија на движење од 660 километри. Тука е Plaid верзијата со автономија од 620 километри и забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 2 секунди по цена од 119.000 долари. Тие што не прашуваат за цена, ќе може да го земат овој модел за 139.000 долари или Plaid+ верзија со автономија од 830 километри.

Plaid и Plaid+ имаат максимална брзина од 320 км/ч, додека максималната брзина на "long Range" се 248 км/ч. 

Model X ќе биде со ист надворешен дизајн и нова "landscape" управувачка конзола, лептир управувач и потпирач за патниците во задниот дел на возилото. Цената на новиот X почнува од 89.990 долари во двомоторна Long Range верзија со автономија од 576 километри, максимална брзина до 248 км/ч, и забрзување од 0-100 км/ч за 3,8 секунди.

Кај Model X има исто така Plaid верзија за 119.000 долари со послаба автономија на движење и забрзување 0-100 км/ч за само 2,5 секунди. Двете верзии се со infotaiment систем што ќе може да ги врти и најновите компјутерски игри, а тука е и безжичниот контролер за оние што сакаат да се забавуваат со игри за време на возењето.