Тим Кук ќе направи промени со што го загрозува бизнис моделот на Facebook

Објавено на 29.01.2021 во Новости



Тим Кук ќе направи промени со што го загрозува бизнис моделот на Facebook

Односите меѓу Apple и Facebook се повторно напнати. Apple најави промени со кои приватноста на корисниците ја става во преден план. Затоа сега Facebook го обвинува Тим Кук дека интернетот на социјалната мрежа ќе биде полош, оти ќе треба да се плаќа содржина што моментално е бесплатна.

Кога промените ќе стапат во сила, на iPhone и iPad корисниците ќе им излезе на главниот екран дали сакаат да дозволат нивните активности да се следат или не. Не е тешко да се заклучи дека многумина нема да го дозволат тоа. Но, ако огласувачите и платформите како Facebook не знаат какви се онлајн навиките на корисниците, тогаш нема да може да им пласираат целни огласи и нема да има ефикасност во рекламирањето. 

Се разбира, целиот бизнис модел на Марк Цукерберг му се базира точно на тоа и не може да му биде сеедно. Кук смета дека не смее да се дозволи на социјалните мрежи премногу да влијаат на нашиот живот. 





Прочитајте повеќе: