За WhatsApp на десктоп ќе се влегува со биометриска потврда

Објавено на 29.01.2021 во Новости



За WhatsApp на десктоп ќе се влегува со биометриска потврда

WhatsApp претстави нова функција со која корисниците ќе може пред да се логираат на десктоп или веб верзијата својот идентитет да го потврдат преку биометриски отпечаток од нивниот главен мобилен уред.

Корисниците ќе може да ја направат потврдата преку отпечаток од прст или преку скенирање на лицето со FaceID за апликацијата да знае дека истото лице бара пристап, а не некој натрапник.

Исто така од WhatsApp тврдат дека немаат пристап до вашите биометриски податоци и истите не ги складираат.