Telegram ќе ви дозволи да ја преземете цела историја на разговори од WhatsApp

Објавено на 29.01.2021 во Новости



Telegram ќе ви дозволи да ја преземете цела историја на разговори од WhatsApp

Telegram воведе нова функција со која на корисниците ќе им овозможи да ја преземат целата историја на разговори и пораки од надворешни аплиу, а меѓу нив секако е и WhatsApp.

Идејата е многу полесно корисниците да направат транзиција од WhatsApp и целосно да се префрлат на користење на Telegram како посигурна замена откако беше наметната политиката за споделување на информации со Facebook.

Telegram и Signal се најголемите победници бидејќи огромен број на корисници се откажуваат од услугите на WhatsApp.