Nintendo Switch со раст од 7% и 11 милиони продадени конзоли

Објавено на 01.02.2021 во Новости



Nintendo Switch со раст од 7% и 11 милиони продадени конзоли

Nintendo продадел 11 милиони конзоли само за последното тримесечје во 2020 година. Nintendo Switch е најпопуларната конзола моментално, која најмногу се продаваше минатиов период. 

Енормно зголемената продажба на конзоли воопшто се должи на коронавирусот и тоа што луѓето претежно седат дома. 11,57 милиони парчиња Switch се продадени конкретно, што е еднакво на 7% раст во споредба со истата година лани. Nintendo 3DS и 2DS се продадени во 75,94 милиони примероци. Инаку, компанијата Nintendo постои од 1889 година.