Google ги избришал негативните оценки за RobinHood

Објавено на 01.02.2021 во Новости



Google ги избришал негативните оценки за RobinHood

Google ги избришал негативните рејтинзи за дигиталната платформа RobinHood, поради тоа што имало огромно незадоволство од младите независни инвеститори што купуваат акции од хеџ фондови.

Фондовите позајмиле акции и ги продавале во очекување на пад на нивните цени. Потоа морале да ги купат за пониска цена и да им ги вратат на сопствениците, задржувајќи ја разликата. Така големите фондови годинава биле во големи загуби, оти малите инвеститори ја зголемиле цената на акциите. 

Дигиталната платформа RobinHood така забрани купување на акции кон крајот на минатата недела, со што ги разгневи малите инвеститори. Тие одговориле со негативни оценки на апликацијата Google Store, па така Google минатата недела избришал 10 илјади прегледи со една ѕвездичка за апликацијата, која претходно била со натпросечна оценка од четири sвездички. 

Google сооопшти дека реагирал соодветно поради „неоснованите рејтинзи“, за манипулација со просечниот рејтинг на производите.