AMD има големи планови со Samsung

Објавено на 01.02.2021 во Новости



AMD има големи планови со Samsung

AMD е еден од брендовите кој и во време на криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата работи одлично и бележи раст на приходите, па затоа и нивните планови за експанзија се очекувани.

За таа цел AMD треба да најде стабилен производител на компоненти за процесори бидејќи досегашниот партнер TSMC не може целосно да ги исполни потребите.

Во плановите влегува Samsung кој вложи 10 милијарди долари во нова фабрика за процесори во Тексас и каде ќе се работи со најновата 3nm технологија. Токму оваа соработка може да биде клучна за пласманот на AMD Ryzen процесорите како за CPU така и за APU.