Nokia 8.3 конечно доби надградба со Android 11

Објавено на 02.02.2021 во Новости



Nokia 8.3 конечно доби надградба со Android 11

HMD Global до лани беше еден од најажурните брендови кога е во прашање достава на нов софтвер, но новите модели задоцнијс со надградбата на оперативниот систем Android 11.

Прв нивни смартфон кој добива целосна надградба со Android 11 ќе биде Nokia 8.3 со 5G мобилна конекција дури шест месеци откако овој софтвер стана достапен за корисниците.

Надградбата за Nokia 8.3 тежи околу 2 GB и ги опфаќа сите софтверски новитети вклучувајќи ја и безбедносната надградба за јануари закрпувајќи ги сите можни пропусти.