Apple со 3,6 милијарди ќе прави електрични возила со Kia

Објавено на 03.02.2021 во Новости



Apple со 3,6 милијарди ќе прави електрични возила со Kia

Apple ќе вложи 3,6 милијарди долари во корејскиот бренд за автомобили Kia во нивната фабрика во Џорџија, САД за производство на нови електрични возила кои ќе треба да бидат меѓу главните конкуренти на Tesla Motors со најнова технологија.

Според првичните информации масовното производство на првите електрични автомобили под покровителство на Apple и Kia треба да започне во 2024 година, најпрво со пуштање во употреба на 100 илјади модели, за потоа таа бројка да достигне до 400 илјади електрични возила годишно.

Apple развива специјален софтвер за новите електрични возила како автопилот, сензори и мултимедија. Договорот и натаму е во неизвесност бидејќи финалната одлука треба да ја донесе Hyundai групацијата која стои зад Kia.





Прочитајте повеќе: