Како да ги вратите избришаните постови на Instagram?
Објавено на 03.02.2021 во Новости
Instagram воведе нова функција со која ќе овозможи враќање на веќе избришани објави, сторија и видеа. Главниот мотив за воведување на овој новитет е зачестеноста на хакерски напади и неовластено бришење на содржини од профилите.
Корисниците ќе може да ги вратат избришаните постови во рок од триесет дена, додека пак за враќање на избришано стори имаат рок од 24 часа. Ако сакате да ја искористите оваа функција Instagram ќе ви побара потврда дека сте вистинскиот сопственик на профилот преку е-мејл потврда или пак преку СМС.
За да ги вратите избришаните постови треба да одите во главните поставки каде ќе ја најдете новата функција на Instagram.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.