Facebook им објаснува на корисниците зошто е добро да им ги собира личните податоци

Објавено на 03.02.2021 во Новости



Facebook им објаснува на корисниците зошто е добро да им ги собира личните податоци

Марк Цукерберг има големи проблеми сега, оти корисниците добија барање за да ги откријат своите лични податоци од WhatsApp на Facebook. И не само тоа, Тим Кук му отежна на Марк со тоа што секој ќе добие прашање дали ќе дозволи да му се меморираат податоците на Facebook.

Се разбира, секој што ќе добие такво прашање ќе одговори со „не“, па затоа сега Facebook сака да им објасни на корисниците зошто е добро да се направи тоа така. Со тоа што социјалната мрежа ги собира податоците од корисниците, овозможува да се објавуваат целни реклами, со што им се овозможува бесплатно на корисниците да бидат на социјалната мрежа. 





Прочитајте повеќе: