TikTok ќе проверува факти на видеата пред споделување

Објавено на 04.02.2021 во Новости



TikTok ќе проверува факти на видеата пред споделување

TikTok ќе преземе нови мерки за проверка на вистинитоста на видео содржините. Корисниците пред да споделат некое видео ќе добијат предупредување доколку неговата содржина е неверодостојна.

TikTok проверката на факти ќе ја прави со три веб сервиси кои нудат ваков вид на услуги. Корисниците кои исто така објавуваат видеа со неточни информации ќе добијат предупредување од TikTok.

Целта на социјалната мрежа е корисниците да размислат два пати пред да споделат некое видео кое шири лажни информации и тврдења.