Откриено е и кога пристигнува Huawei Mate X2
Објавено на 04.02.2021 во Новости
Ричард Ју, главниот извршен директор на Huawei потврди дека новиот смартфон на преклоп со флексибилен екран Huawei Mate X2 официјално ќе биде претставен на 22 февруари.
Исто така за Huawei Mate X2 е откриено дека ќе работи со 5nm осум-јадрен Kirin 9000 како најдобар процесор во класата изработен и развиен од страна на Huawei со поддршка за 5G мобилна конекција и 8K HD видео.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.