TikTok забрани пристап за деца под 13 години во Италија

Објавено на 04.02.2021 во Новости



TikTok забрани пристап за деца под 13 години во Италија

TikTok во соработка со италијанските власти ги блокирал сите корисници под 13 години. Одлуката пристигна како последица од смртниот случај на 10-годишното девојче од Палермо, Италија, кое самоуби за да одговори на предизвик за долго издржување без воздух.

Александра Еванс, раководител на одделот за безбедност во Европа, изјави дека ќе има опција во TikTok за да се овозможи на членовите да пријавуваат корисници што немаат 13 години. Апликацијата тврди дека во иднина ќе употребува вештачка интелигенција за да ја потврди возраста на корисниците.