Facebook: Најголемата социјална мрежа постои веќе 17 години

Објавено на 04.02.2021 во Новости



Facebook: Најголемата социјална мрежа постои веќе 17 години

Најпопуларната социјална мрежа Facebook денеска слави 17 години постоење, која брои над 2 милијарди активни корисници во цел свет. На 04.02.2004 година, Марк Цукерберг го основал Facebook со цел да комуницираат студентите преку социјалната мрежа и да разменуваат информации.

Марк бил студент на Харвард во тој момент, кој како млад претприемач сметал дека нема потреба од универзитетот и така напуштил и се посветил на кариерата. За кратко време многу други универзитети, средни училишта и компании се приклучиле на Facebook. Социјалните мрежи оттогаш секојдневно го менуваат начинот на живот на луѓето и начинот на комуницирање и размена на информации.