Instagram се повеќе го имитира TikTok

Објавено на 04.02.2021 во Новости



Instagram се повеќе го имитира TikTok

Instagram ќе го копира TikTok со додатокот што се нарекува „vertical Stories“, т.е. опцијата со којашто вертикалното лизгање со прстот по екранот ги прегледувате приказните на корисникот, исто како што тоа се прави и на TikTok.

Веста дека Instagram работи на оваа промена ја објавил програмерот Алисандро Палуци на својот Twitter профил. Instagram за TechCrunch потврди само дека новиот дизајн е во фаза на тестирање. Додавањето на вертикално скролање во Stories би можел да биде еден чекор напред за поедноставување на корисничкото искуство на Instagram.