Џеф Безос ги инвестира парите во нови бизниси, во Blue Origin и на донации

Објавено на 05.02.2021 во Новости



Џеф Безос ги инвестира парите во нови бизниси, во Blue Origin и на донации

Основачот на една од најмоќните компании во светот, Џеф Безос, е еден од најбогатите луѓе во светот. Сите се прашуваат како милијардерот ги троши парите. Дел од парите ги донира, додека поголем дел од богатството му е во акции во сопственост на Amazon.

Безос многу вложува и во нови бизниси. Секоја година вложува по 1 милијарда долари во Blue Origin, а поседува и една од најголемите медиумски агенции Washington Post, кој ја купил во 2013 година за вртоглави 250 милиони долари. Инаку, Џеф изгубил 14 милијарди долари од разводот со Мекинзи Безос во 2019 година.