TikTok, Telegram и Signal во топ 5 најпреземани јануарски апликации

Објавено на 09.02.2021 во Новости



TikTok, Telegram и Signal во топ 5 најпреземани јануарски апликации

За првиот месец на 2021 година, во топ 5 преземани апликации се Telegram на прво место, Signal на второ место, TikTok на трето место, а Facebook и WhatsApp на четврто и петто место. Telegram е најпреземан поради енормно зголемениот интерес за апликацијата во Индија - 24%, додека 10% се од Индонезија, а вкупно 63 милиони инсталации во цел свет.

На Google Play Store првите топ 5 апликации се: Telegram, Signal, TikTok, MX TakaTak и Facebook. На AppStore се: TikTok, YouTube, Zoom, Telegram и Facebook. Комбинирано од двете платформи, извлекуваме заклучок дека убедливо прв е Telegram, потоа TikTok, па Signal, Facebook и WhatsApp. Замислете, Signal во декември 2020 година не е ниту на списокот со најпреземани апликации, а Telegram е дури на деветтото место.