Нов смартфон за борба со најмоќните модели на пазарот: Xiaomi Mi 11

Објавено на 09.02.2021 во Новости



Нов смартфон за борба со најмоќните модели на пазарот: Xiaomi Mi 11

Xiaomi е на третото место на глобалниот пазар на смартфони, чија судбина е неизвесна откако Трамп ја прогласи комунистичка воена компанија. Денес ја претстави и глобалната верзија на моделот Mi 11.

Според спецификациите јасно е дека станува збор за модел што цели кон врвот на пазарот. Mi 11 има голем 6,8-инчен OLED дисплеј со дијагонала од 6,8 инчи и QHD+ резолуција. Фреквенцијата на освежување на екранот изнесува 120Hz па очекуваме дека играњето и скролањето да биде брзо и течно. Во горниот лев агол има дупка за камерата за снимање на селфи со резолуција од 20MP, додека од задната страна има три камери. Резолуцијата на главната камера изнесува 108MP, под неа има 13MP камера со ултраширока леќа, додека покрај неа има камера за снимање на макро фотографија со резолуција од 5MP.

Под хауба има Snapdragon 888 процесор со 5G поддршка, 8GB RAM меморија, а ќе дојде во 128GB верзија за 749 евра, и 256GB мемориска верзија со 799 евра. Капацитетот на батеријата изнесува 4600mAh и поддржува брзо полнење со 55W ако се полни со кабел, или 50W за безжично полнење.

Автор: Aleksandar Stankov