Tesla вложи во bitcoin, а Dogecoin?!

Објавено на 09.02.2021 во Новости



Tesla вложи во bitcoin, а Dogecoin?!

Најпознатата и најпопуларната светска криптовалута (BTC), постигна уште еден рекорд на сите времиња, постигнувајќи цена од над 43.000 долари во понеделникот, според податоците од CoinMarketCap. Чудно е тоа што Илон Маск почнува со вложување во Dogecoin, кое ќе биде иднината на криптовалутите.

Во меѓувреме чудно е тоа што додека Илон Маск пишуваше за Dogecoin, дека тоа е иднината. Tesla вложи 1,5 милијарди во Bitcoin. Со цел да обезбеди поголема флексибилност, го диверзифицираа профитот, во Tesla ја надградиле политиката за вложување во јануари оваа година, според податоците од американската комисија за хартии од вредност и размена (SEC).

Новата политика за вложување сугерира дека компанијата треба повеќе пари да вложува во резервни алтернативни имоти, како што е дигиталниот имот, злато, берзанско вложување и друго. За огромниот скок на bitcoin во јануари е заслужен шефот на Tesla Inc. - Илон Маск , кој во својата биографија има ставено таг за bitcoin, по што цената на криптовалутата скокна над 37.000 долари. Дали е ова само една замка дека Маск сака да ги популаризира криптовалутите и да го разработи Dogecoin или не, останува да покаже времето.