Google Photos ќе ви овозможи да зумирате видеа

Објавено на 09.02.2021 во Новости



Google Photos ќе ви овозможи да зумирате видеа

Google photos добива нова функција со која корисниците ќе може да ги зумираат нивните видеа за подобро да погледнат одредени детали или делови од снимката.

Функцијата за зумира се активира со двојно "штипкање" на екранот и обратно откако ќе го видите зголеменото видео со истата команда се враќате на нормален преглед на содржините.

Надградбата на Google Photos апликацијата ќе биде автоматска па така само ќе треба да почекате да пристигне преку серверите на Google.