Турција ќе ја освојува и Месечината

Објавено на 10.02.2021 во Новости



Турција ќе ја освојува и Месечината

Турција ја најави амбициозната вселенска програма која ќе опфаќа слетување на ракета на Месечината во 2023 година.

Претседателот Ердоган истакна дека целта е да се реализира мисијата на Месечината кога ќе се одбележат 100 години од постоење на Турската република за што има целосна доверба во тимот на инженери.

Турција со новите вселенски мисии покажува знаци дека сака да се позиционира како нова глобална и регионална сила, како и дека е во фаза на економски и технолошки просперитет.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: