Ендру Џеси ќе почне да ги менува работите во Amazon кон крајот на 2021

Објавено на 10.02.2021 во Новости



Ендру Џеси ќе почне да ги менува работите во Amazon кон крајот на 2021

Ендру Џеси настапува на сцената откако Џеф Безос го назначи за наследник на Amazon, но нема ништо да менува до крајот на годината. Следните неколку месеци тој ќе опсервира, а по повод за неговото идно водство, им се обратил на вработените.

„Накратко, засега сè останува исто. Вие самите знаете дека целосната транзиција нема да се случи до третиот квартал оваа година, така што сте заглавени со мене уште шест или седум месеци. Ова ни дава доволно време да ја разгледаме ситуацијата и да видиме кој ќе ја води „Amazon web service“ откако ќе заминам“, соопштил Џеси на вработените.

Ендру Џеси е човекот што остана во Amazon и покрај одличните деловни понуди што ги добивал во текот на кариерата. Поради неговата лојалност сега му е доверена империјата што ја создаваше Џеф Безос почнувајќи од нула од 1994 година. 
 





Прочитајте повеќе: