Пренк во САД заврши со убиство на јутјубер

Објавено на 10.02.2021 во Новости



Пренк во САД заврши со убиство на јутјубер

20 годишниот Тимоти Вилкс од Нешвил, САД е убиен откако направил "пренк" во кој требало да изведе лажен напад врз група момчиња со месарски ножеви заедно со уште еден негов колега.

Пренкот се снимал на паркинг покрај забавен парк. Жртвите на пренкот не биле свесни дека се снима. 23 годишниот Дејвид Стернс го застрелал Вилкс сметајќи дека неговиот живот е во опасност.

Стернс засега не е обвинет за убиството на младиот пренкер и јутјубер кој сакал да направи вирална сензација. Законите во Нешвил дозволуваат легално поседување и носење на пиштоли и полуавтоматско оружје, а исто така правото на самоодбрана е цврсто загарантирано.