Xiaomi почнува со испорака на новиот MIUI 12.5 кориснички интерфејс

Објавено на 10.02.2021 во Новости



Xiaomi почнува со испорака на новиот MIUI 12.5 кориснички интерфејс

Претходно пишувавме за новиот премиум смартфон на Xiaomi – Mi 11. MIUI 12.5 корисничкиот интерфејс исто така беше претставен, кој ќе стане глобално достапен во второто тримесечје на 2021 година.

Следните смартфони први ќе добијат софтверска надградба: Mi 10T, Mi 10T Pro, Mi 10, Mi 10 Pro и Mi 11. Следните ќе добијат во јуни: Mi 10 Lite 5G, Mi 10T Lite, Mi Note 10 Pro, Mi Note 10, Mi Note 10 Lite, Redmi Note 9T, Redmi Note 9 Pro, Redmi Note 9S, Redmi Note 9, Redmi Note 8 Pro и Redmi 9.

Точниот распоред за добивање на софтверска надградба ќе се добие на страницата на MIUI.com. Инаку, MIUI 12.5 доаѓа со целосно променет кориснички интерфејс и намалена потрошувачка на процесорот до 22%, а потрошувачката на енергија е намалена до 15%. Многу важно е да се каже дека MIUI 12.5 софтверот нуди опција да ги избришете системските апликации што не ви требаат, освен тие малку што се вградени во јадрото на системот. Тие може само да се деактивираат.

Автор: Aleksandar Stankov