Qualcomm со нов 5G центар за забрзан развој во Франција

Објавено на 10.02.2021 во Новости



Qualcomm со нов 5G центар за забрзан развој во Франција

Qualcomm има објект за истражување и развој лоциран во Бретања и регионот на Париз, со цел да овозможи напредување во 5G сферата. 

„Франција веќе има водечка техничка инженерска инфраструктура, така што Франција е соодветна локација за овој нов центар за истражување и развој на 5G. Тимот за истражување и развој на 5G ќе работи на напредно инженерски системи за да помогне во дефинирањето на иднината на 5G и пошироко – и новиот центар е огромна можност за инволвираните лица, како и за самата компанија”, изјавил Џон Смит, потпретседател за инженерство во Qualcomm Technologies. 

Qualcomm ги зголемува инвестициите за побрзо развивање на 5G технологијата, кој пред неколку недели ја лансираше Snapdragon 480 5G мобилната платформа. Новата платформа има процесор со работен капацитет до 2,0GHz со што се овозможува до 100% подобрување на процесорот и графичките перформанси и 70% подобрување на ефикасноста на вештачката интелигенција, во споредба со претходната генерација.