Првата арапска сонда успешно влезе во орбитата на Марс

Објавено на 10.02.2021 во Новости



Првата арапска сонда успешно влезе во орбитата на Марс

Вселенската сонда Hope пред неколку месеци беше лансирана од Обединетите Арапски Емирати (UAE). Во вторникот истата влезе во орбитата на Марс, со што првата арапска земја успешно ја заврши меѓупланетарната мисија.

Сондата Hope, на арапскиот Амал, пред седум месеци беше лансирана со помош на јапонската ракета H-IIA. Во орбитата ќе помине две години внимателно набљудувајќи ја атмосферата и дневните промени на времето. „Им честитам на владетелите и народот на Обединетите Арапски Емирати“, вели престолонаследникот Мохамед бин Зајед при посетата на центарот за Мисијата на Марс. Мисијата Hope чини 200 милиони долари.





Прочитајте повеќе: