Главниот акцент на Xiaomi Redmi Note 10 ќе биде камерата

Објавено на 11.02.2021 во Новости



Главниот акцент на Xiaomi Redmi Note 10 ќе биде камерата

Xiaomi Redmi Note 10 серијата е една од најочекуваните серии на смартфони за 2021 година. Redmi Note 10 ќе биде претставен на почетокот на март месец, потврди компанијата Xiaomi со најновиот тизер.

Redmi Twitter профилот од Индија ја потврди официјално информацијата, без откривање на најнови детали. На тизерот имаме само слика со сензори од камера, што најверојатно значи дека компанијата ќе стави акцент на камерата овој пат. Redmi Note 10 се очекува под хауба да има Snapdragon 750G процесор и главен сензор на камерата од 108MP. Видеото на Twitter може да го погледнете на овој линк.