Twitter нема да дозволи враќање на Доналд Трамп, макар бил и кандидат за претседател

Објавено на 11.02.2021 во Новости



Twitter нема да дозволи враќање на Доналд Трамп, макар бил и кандидат за претседател

Нед Сигал, финансискиот директор на Twitter, соопшти за CNBS дека „Според нашите правила, кога сте отстранети од платформата, отстранети сте, без разлика дали сте коментатор, финансиски директор или актуелен или поранешен политичар.

Доналд Трамп беше протеран кога стана претседател. „Не правиме разлика меѓу политичките службеници, без разлика дали се тие на должност или не“, додава Нед Сигал. Во својата последна објава пред суспендирање на профилот, Доналд Трамп покажа разбирање и љубов за напаѓачите на Конгресот на 6 јануари, кога загинаа петорица луѓе. „Знам како се чувствувате, ни ги украдоа изборите, слатката победа. Сите тоа го знаат, особено другата страна, но сега мора да си одите дома. Ние ве сакаме“, објави Трамп на Twitter.