Audi претстави електричен ѕвер со почетна цена од 100 илјади евра

Објавено на 11.02.2021 во Новости



Audi претстави електричен ѕвер со почетна цена од 100 илјади евра

Audi го направи првиот голем чекор на пазарот на електрични автомобили со моделот e-tron, а оваа недела се претставени две нови верзии на e-tron, кои сигурно ќе привлекуваат погледи каде и да се појави. 

e-tron GT припаѓа на класата на купе лимузина со помалку агресивен спортски дизајн и луксузен ентериер. Така основната верзија на e-tron GT чини вртоглави 100 илјади евра, а оние што сакаат подобри перформанси и моќност треба да платат минимум 138 илјади евра. Се зависи кој сака Matrix LED светла, HUD за информации на ветробранското стакло, Bang&Olufsen звучници, итн. 

Обичниот GT располага со моќност од 470 KS, додека RS верзијата има 590 KS, со што може за 4,1 секунда да качи стотка, т.е. 3,3 секунди до 100 km/h. Внатре има два дисплеја од 10,1 и 12,3 инчи со CarPlay и Android Auto.