Google Search целосно потемнува
Објавено на 11.02.2021 во Новости
Google целосно ќе воведе Dark Mode за веб и десктоп верзијата на Google Search интернет пребарувачот и ќе им овозможи на самите корисници да ја прилагодат темата согласно нивниот оперативен систем.
Бидејќи Dark Mode е главната преокупација на сите девелопери и Windows и MacOS овозможуваат негово активирање како тема на оперативниот систем.
Затоа ако веќе го имате одбрано Dark Mode автоматски и вашиот интернет пребарувач Google Search ќе биде потемнет, а ако ја користите Light Mode како тема прилагодувањата ќе може да ги направите рачно по ваши потреби.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.