Samsung Galaxy A72 5G: Дата на излегување, цена и спецификации

2021 е годината на 5G технологијата. Сега веќе излегуваат и поевтини смартфони со 5G мрежа. Со подобрувањето на процесорот и спецификациите, смартфоните од средна класа како што е Galaxy A71, дефинитивно ќе бидат најчест избор на корисниците.
Samsung работи на наследникот на Galaxy A71 - Galaxy A72 5G, кој пристигнува набрзо на светските пазари.
Сите спецификации на идниот Samsung Galaxy A72 5G може да ги прочитате одоздола:
6.70-инчен Super AMOLED дисплеј Full HD+ (1080×2400 резолуција)
екран од 90Hz
четворна камера со 64MP главен сензор
пластична позадина, алуминиумска рамка
Android 11 и One UI 3.0
5G технологија
Snapdragon 750G (4G-верзијата ќе биде со Snapdragon 720)
128GB меморија
6GB/8GB RAM
USB Type-C, 3.5мм џек за слушалки
25W брзо полнење
Оваа година изгледа дека Samsung ќе ја задржи цената на Galaxy A72 5G слична како кај Galaxy A71 што беше - 600 долари. Таа цена најверојатно ќе биде за верзијата со 128GB.