Apple Maps ќе ве известува за блокади и несреќи на патот

Објавено на 15.02.2021 во Новости



Apple Maps ќе ве известува за блокади и несреќи на патот

Apple продолжува со напорите за подобрување на сервисот Apple Maps за да биде достоен конкурент на Google Maps. Овој пат работи на воведување на систем за информирање меѓу корисниците за состојбата на патиштата.

Google вложи милијарди за да го купи Waze како напредна платформа за мапи на која самите корисници објавуваа информации во реално време за тоа каде има гужва на патиштата, каде има блокада поради сообраќајна несреќа, каде има ограничување на брзината, како и неповолни временски услови.

Сега, Apple во нивната апликација Maps практично ќе ги примени сличните можности за пријавување на проблеми од страна на корисниците и заедничко информирање додека сте на пат.

Новите функции се дел од бета верзијата на iOs 14 и откако ќе заврши тестирањето ќе бидат дел од финалната верзија на Apple Maps, па ќе биде интересно да се следи дали ќе може да го достигнат капацитетот на Google Maps.