Microsoft ја поддржа австралиската влада во борбата против Google и Facebook

Објавено на 15.02.2021 во Новости



Microsoft ја поддржа австралиската влада во борбата против Google и Facebook

Се поголем е притисокот на регулаторните тела на големата технолошка компанијата поради монополистичката позиција на одредени пазари. Некои држави започнале истрага и веќе финансиски ги казниле компаниите како Google и Facebook, а во Австралија владата одлучила да ги удри на многу поопасен начин.

Предложиле закон што наскоро би требало да стапи во сила, според кој Google и Facebook требало да внесат посебен код што ќе ја следи содржината на австралиските медиуми, коишто се објавуваат на нивните страници. Она што е преседан во досегашниот начин на работење на тие компании е што Google и Facebook треба да почнат да им плаќаат за користењето на нивните содржини.

Тоа би било голем удар за Google и Facebook, при што Google најавува повлекување од Австралија, а во Facebook размислуваат да ги блокираат објавите на австралиските медиуми на својата социјална мрежа. Бред Смит, извршниот директор на Microsoft вели дека со задоволство ќе сподели дел од своите приходи со медиумите во Австралија, и во другите земји ако донесат слични закони.