Маск го повика Путин на разговор преку Clubhouse

Објавено на 16.02.2021 во Новости



Маск го повика Путин на разговор преку Clubhouse

Twitter е примарната алатка за комуникација на многу влијателни луѓе, но во последно време ја открија и социјалната мрежа Clubhouse. Се работи за аудио социјална мрежа на која корисниците комуницираат во живо за различни теми.

Илон Маск е заслужен за големиот раст на Clubhouse, кој веќе неколку пати има јавни дискусии овде. Илон Маск преку Twitter го покани Владимир Путин на разговор на Clubhouse. После повикот напишан на англиски јазик, објавен е твит на руски, во кој е напишано дека би му било голема чест да разговараат. 

Автор: Aleksandar Stankov