Space X со нов подвиг - Лансирана ракета со 60 микросателити

Објавено на 16.02.2021 во Новости



Space X со нов подвиг - Лансирана ракета со 60 микросателити

SpaceX реализираше нов подвиг како една од најуспешните приватни вселенски компании со лансирањето на ракетата Фалкон 9 која со себе носи 60 Starlink микросателити за комуникација. 

Илон Маск полека ја остварува амбицијата за доминирање на бизнисот со сателити кои овозможуваат големи бенефити за комуникациска поврзаност и истражувања. 

Ракетата беше лансирана пред 23 часот по локално време вчера од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида. Фалкон 9 беше користен во пет претходни лансирања за да се намалат трошоците, но овој пат SpaceX не успеа да го врати на специјално дизајнираната пловечка платформа.

Лансирањето беше закажано за в недела, но беше одложено за еден ден поради неповолни временски услови.

Пуштањето во употреба на вкупно 11.000 микросателити ќе чини 10 милијарди долари.