Volkswagen сака да биде јасен: Не се плашат од Apple Car

Објавено на 16.02.2021 во Новости



Volkswagen сака да биде јасен: Не се плашат од Apple Car

Претставникот на Volkswagen, Херберт Дис, вели дека Apple нема да може толку лесно да ја покори автомобилската индустрија, како што тоа го направи со iPhone пред 10 години. Се разбира, сите се плашат од појавата на Apple Car на пазарот, иако велат дека Тим Кук нема да успее толку лесно да ги победи.

Се уште не е познато дали Apple ќе лансира автомобил со свој софтвер, или ќе продава само софтвер со услуга и одлична батерија. Херберт Дис сакаше само да биде јасен пред јавноста: „Не се плашиме“.