Facebook спрема свој смартчасовник

Објавено на 16.02.2021 во Новости



Facebook спрема свој смартчасовник

Facebook развива хардвер за смартчасовници, Facebook Watch би можел да се појави на пазарот уште од следната година, а моментално не е познат ниту партнерот со кого Facebook би го почнал неговото производство.

Се уште не се познати деталите, се зборува дека ќе биде одредена верзија на Android, т.е. Wear OS. Нивниот уред би се фокусирал на три нешта: комуникација, пораки, здравје и фитнес. Се разбира, се очекува да има одредени опции WhatsApp и Messenger. Ќе биде интересно да се види каков софтвер би развил Facebook, со оглед на тоа што поседува напреден софтвер со вештачка интелигенција и ја поседува најпопуларната социјална мрежа во светот.