Amazon спрема лансирање на сопствена криптовалута

Објавено на 17.02.2021 во Новости



Amazon спрема лансирање на сопствена криптовалута

Изгледа дека издавањето на сопствени криптовалути наскоро би можело да стане многу популарно. Неколку компании најавиле дека би сакале да издадат сопствена криптовалута, меѓу кои беше и Facebook проектот со Libra, а сега Diem. Amazon исто така.

Се уште нема официјално и неофицијално соопштение, но се бараат луѓе што ќе се приклучат кон нивниот оддел Digital and Emerging Paymets (дигитални и нови плаќања), кој е во фаза на развој. Со него би им се овозможило на корисниците на пазарите во развој да ги „конвертираат своите пари во дигитална валута“.