Bitcoin за прв пат ја надмина границата од 50.000 долари!

Објавено на 17.02.2021 во Новости



Bitcoin за прв пат ја надмина границата од 50.000 долари!

Експертите прогнозираат дури и 10 пати повисока вредност на Bitcoin од сегашната. Највредната криптовалута во светот проби уште еден рекорд и ја надмина границата од вредноста на 50 илјади долари за 1 единица од криптовалутата.

Од почетокот на 2021 година bitcoin бележи постојан раст на крилата на информацијата дека има се повеќе финансиски играчи спремни да се пуштат во работа со криптовалутите. Така од почетокот на годината, bitcoin забележа раст од 72%, благодарение на тоа што Tesla купи bitcoin-и во вредност од 1,5 милијарди долари и соопшти дека прима уплати во криптовалути.

Автор: Aleksandar Stankov