Ова е најголемиот PlayStation 5 во светот - 3м, 227кг и DualSense контролер

Објавено на 17.02.2021 во Игри



Ова е најголемиот PlayStation 5 во светот - 3м, 227кг и DualSense контролер

PlayStation 5 конзолите се најпопуларни во светот, овој пат е направена огромна PS5 конзола, со височина од 3 метри и тежина од 227 килограми, која е целосно функционална, односно на неа може да се играат игри исто како и на класичната PS5 конзола.

Ова е навистина импресивен примерок,за што потврдуваат и од Гинисовата книга на рекорди. Youtube-рот ZHC платил неверојатни 70 илјади долари за џиновската конзола и огромниот DualSense контролер, кои се за 10 пати поголеми од нормалните. Тој поминал 100 часа со пријателите правејќи го дизајнот.