Бил Гејтс спасот од климатската катастрофа го гледа во синтетичкото месо

Објавено на 17.02.2021 во Новости



Бил Гејтс спасот од климатската катастрофа го гледа во синтетичкото месо

Основачот на Microsoft кој ги поминува годините во филантропија надвор од моќната компанија, објави нова книга во која дава повеќе препораки за справување со последиците од климатската криза преку менување на повеќе индустрии и навики на луѓето, меѓу кои и исхраната.

Бил Гејтс препорачува дека треба да се исфрли целосно храната од сточарството бидејќи оваа гранка е една од најзаслужните за создавање на ефектот на стаклена градина поради испуштањето на метан од добитокот.

Гејтс смета дека синтетичкото месо развиено во лабораторија може целосно да го замени говедското месо со што значително ќе се намалат штетните емисии на стакленички гасови, но ќе треба многу време додека се променат навиките на потрошувачите како и на самата индустрија на глобално ниво. 





Прочитајте повеќе: