Бизарно анимирано видео е избришано, кое било едукативно за деца: Што ако исчезне Бил Гејтс
Објавено на 17.02.2021 во Новости
Едукативниот YouTube канал насочен кон децата објавил бизарно видео во коешто ја предупредуваат најмладата публика дека светот би бил полошо место и дека милијардерот и коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, едноставно ќе исчезне.
Насловот на видеото само по себе е доволно чуден и гласи: „Што ако исчезне Бил Гејтс“, а во клучните зборови се наметнати #kids, #children и #education. Се разбира, видеото е веќе отстрането, на кое говорникот во видеото вели дека „исклучително почитуваниот милијардер би им недостигал на многумина“, доколку исчезне.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.