Казна од 7 милиони евра за Facebook во Италија за недоволно информирање на корисниците
Објавено на 18.02.2021 во Новости
Италијанските власти го казнија Facebook со 7 милиони евра, оти не ги информирал корисниците убаво како ќе ги користат нивните лични податоци. Тоа се однесува за корисниците што отварале нови профили, соопшти Италијанската агенција за конкурентност.
Социјалната мрежа не ги извршила мерките што регулаторот ги вовел уште од 2018 година, пишува во соопштението. Информациите што Facebook ги обезбедил за корисниците биле непотребни и корисниците не можеле да разликуваат кои од нивните податоци ќе се користат за рекламирање, а кои за персонализација на платформата на Facebook, на пример за пребарување на други корисници.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.