Роверот Perseverence слетува на Марс вечерва

Објавено на 18.02.2021 во Новости



Роверот Perseverence слетува на Марс вечерва

Mars 2020 е мисијата што започнува од денеска, а роверот Perseverence слетува на Марс во 20:30, во кратерот Језеро, на северната хемисфера на Марс. Софистицираниот ровер ќе ја истражува Црвената планета заедно со човечки екипаж и мини хеликоптерот Ingenuity.

Главната цел е да се откријат знаци на живот на Марс, а на локацијата каде што ќе биде спуштен роверот, пред околу 2,6 милијарди години имало езеро со големина од приближно 500км2, во коешто се вливала голема река која на утоката формирала голема делта. НАСА претпоставува дека од рачниот нанос во делтата и на дното од праисториското езеро можеби има остатоци од органски молекули и други знаци на микробски живот. Претходно беа откриени органски молекули од роверот Curiosity, во јуни 2013 година.





Прочитајте повеќе: