Прва слика од Huawei Mate X2 открива како ќе се превиткува

Објавено на 18.02.2021 во Новости



Прва слика од Huawei Mate X2 открива како ќе се превиткува

Huawei го објави првиот тизер за новиот премиум смартфон на превиткување Huawei Mate X2 за кого е веќе официјално потврдено дека ќе биде промовиран на 22 февруари.

Според првата јавна слика се открива дека Huawei Mate X2 ќе се превиткува од внатре кон надвор, и ќе се разликува од првиот модел кој имаше обратен механизам на преклопување на екранот.

Кога смартфонот ќе биде споен ќе има надворешен дисплеј со помошни функции, додека пак кога ќе се отвори од внатре ќе има големина на таблет и два дела на екранот.