Huawei и Рен Женгфеи се убедени дека ќе успеат

Објавено на 19.02.2021 во Новости



Huawei и Рен Женгфеи се убедени дека ќе успеат

Huawei беше на добар пат за преземање на водечката позиција на глобалниот пазар на смартфони. По продажба го надминаа Apple и го заземаа второто место, но тогаш на сцената настапи Трамп со санкциите и забраната за работење со кинеската компанија.

Потоа следуваше голем пад на продажбата на глобалниот пазар, кој делумно бил компензиран со добра продажба во Кина. Како добра финансиска инекција за компанијата е што Huawei го продаде својот поевтин бренд за смартфони Honor, а наводно планира да ги продаде и своите најпопуларни серии на смартфони P и Mate, за што се уште немаме официјално соопштение. Дефинитивно Трамп и зададе удар на компанијата, која се уште се бори и остварува одлична продажба и покрај потешкотиите. Основачот Рен Женгфеи изјави е убеден дека Huawei ќе преживее и покрај сите проблеми.

Автор: Aleksandar Stankov